Чуварот на
мрежата од голот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа смета дека Барселона не треба да
ја добие титулата во случај шпанскиот фудбалски шампионат да не може да ја
комплетира актуелната сезона.
Фудбалерите во
шпанскиот фудбалски шампионат оваа седмица ќе бидат тестирани за коронавирус во
пресрет на најавеното враќање на тренинзите, за потоа да се случи и враќање на
натпреварите на програмата.
„Ние сме на два
бода зад Барселона, се уште имаме шанси да бидеме шампиони, би било навистина
несреќно сценарио во случај сезоната да се поништи“ вели Белгиецот.
„Доколку одлучат
да го сопрат натпреварувањето, а на Барселона да и биде доделена титулата, јас
не би го сметал тоа за правично, тие еднаш ремизираа против нас, а еднаш и загубија, ние им
покажавме дека сме подобра екипа, не би се сложил никако со едно такво
сценарио“ додава тој.
„Би имал
разбирање во Англија за шампион да биде прогласен Ливерпул, иако не знам со
колку бодовна предност се на првото место во однос на другите екипи, јас би
сакал оваа сезона да биде комплетирана, сметам дека еден шампионат е базиран на
сите натпревари кои треба да се заокружат, многу е рано да одлучуваме кој треба
да биде шампион“ заклучи Куртоа.
Барселона на 11
кола до крајот на актуелната сезона во Примера е на лидерското место на
табелата со два бода предност во однос на Реал Мадрид.