280
Башкими промовираше уште едно засилување за новата сезона, овојпат се работи за македонскиот голман Филип Купанов.
Купанов во Башкими доаѓа од Брера каде во есенскиот дел од минатата сезона стандардно го бранеше голот на струмичкиот тим, а потоа отиде на позајмица во Тиквеш каде остана на клупата.
Сега 22-годишниот Филип Купанов стави потпис на договор со Башкими кој се врати во најдобрата македонска лига.