Куп: Вардар ремизираше во првата пресметка со Шкупи, реваншот во Чаир ќе го даде последниот збор (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вардар одигра реми со
резултат 1-1 во првиот меч против Шкупи во заостанатиот двобој од
осминафиналната рунда во националниот Куп на Македонија.

Шкупи прв поведе на
мечот во Ѓорче Петров со голот на Јашароски во 8. минута, а со минимална
предност замина на паузата.

Домаќините преку
Барсегјан во 59. минута израмнија на 1-1 и тргнаа со сите сили за пресврт, но
овој резултат остана се
до
крајот од средбата.

Реваншот се игра на
стадионот во Чаир на 17 декември, победникот од овој двомеч во четвртфиналето
ќе игра против Шкендија, која пак во осминафиналето го елиминираше Работнички.

Фото-вест: fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×