Академија Пандев, Ренова
и Пелистер се екипите кои изборија место во полуфиналната фаза од националниот
Куп на Македонија по денешните реванш средби.
По победата од 0-2 на
гостински терен, Академија Пандев овој пат на домашен терен обезбеди триумф од
4-1 над Тетекс.
Скопје иако прв поведе,
не издржа до крај и загуби со 1-2 на домашен терен од Ренова, откако на
гостински терен загуби со 2-0 во првиот дуел.
Победа не направи чудо
против својот голем ривал Пелистер па дома одигра 2-2 иако на два пати водеше.
Во првиот меч бранителот на Куп-титулата славеше со 5-2 пред своја публика.
Шкендија беше слободна
во оваа фаза бидејќи го чека подобриот од двомечот помеѓу Вардар и Шкупи.
Резултати од денешните
четвртфинални реванш средби:
Академија Пандев –
Тетекс 4:1
Скопје – Ренова 1:2
Победа – Пелистер 2:2
Шкендија – слободна
Утре се игра првата
пресметка од предвидениот двомеч помеѓу Вардар и Шкупи, средбата се игра на
стадионот во Ѓорче Петров.
Фото-вест:
fkakademijapandev.mk (Архива)