Барселона мораше да игра и вчера иако само пред два дена некои од играчите им играа квалификациски натпревари за своите репрезентации, а некои од нив тоа го правеа на други континенти.
Од таа причина не играше Рафиња, иако Барселона убедливо победи со 3-0, Жил Кунде се пожали на распоредот.
„Лути сме за датумот кој ни го дадоа. Ова не е нормално“, вели Кунде.
„Многу пати сме зборувале за проблемите со календарот. Знам дека понекогаш на луѓето им е тешко да разберат. Ние сме имале среќа да заработуваме од ова и јас се сметам себе си за среќен. Да живеам од нашата пасија и тоа добро. Но, да се постави оваа дата е непочитување кон клубот“.
„Без разлика дали е тоа Барса, Осасуна или Реал Мадрид. Тоа е непочитување кон фудбалерите. Ние не сме машини, потребен ни е и одмор“.
„Сите институции треба да го разберат тоа, не само Ла Лига. Не може да поставуваат така датуми. Не се ова изговори“.