Куман со загрижувачка изјава за Де Јонг: Не знам дали може да издржи…

by bojan
1 минути читање

Селекторот на Холандија, Роналд Куман очекува утре Френки де Јонг да истрча во дресот на „лалињата“, но не е сигуран дали фудбалерот од средниот ред може да издржи 90 минути.

Френки Де Јонг беше надвор од стројот околу 7 месеци по две незгодни повреди на скочниот зглоб во сезоната 2023/24.

По неколку натпревари во дресот на Барса под водство на Ханси Флик, Холанѓанецот овој викенд треба да се појави и во дресот на „лалињата“ за прв настап по септември 2023.

„Очекуваме дека ќе игра во сабота, но ќе знам повеќе утре. Јасно е дека не е во топ форма, но најважно е што повторно е со нас“ – вели селекторот на Холандија, Роналд Куман.

„Сепак, не знам дали може да издржи 90 минути на теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани