Продолжува војната на зборови помеѓу Роналд Куман и Стивен Бергвајн, селекторот на Холандија останува на својот став и вели дека трансферот во Саудиска Арабија нема никаква врска со спортска амбиција.
Во последните денови од преодниот рок, Стивен Бергвајн го напушти Ајакс и направи трансфер во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Итихад.
Роналд Куман веднаш се огласи по комплетирањето на зделката и порача дека вратата од националниот тим на Холандија е затворена за напаѓачот.
Подоцна се огласи и самиот Стивен Бергвајн, кој пак рече дека повеќе нема намера да игра за „лалињата“ под водство на Роналд Куман, и изрази разочарување од тоа што селекторот говорел јавно без најпрво да разговара со него.
Војната на зборови продолжи и попладнево, Роналд Куман останува на својот став дека трансферот на Стивен Бергвајн во Саудиска Арабиија нема никаква врска со спортска амбиција.
„Сосема нормално е тоа што Стивен Бергвајн реагираше на моите коментари. Но јас останува на ставот, да се преселите со 26 години во Саудиска Арабиј… ваков трансфер нема никаква врска со спортска амбиција“ – вели Куман.
„Јас немам никаков проблем со Стивен Бергвајн, секогаш сум му давал поддршка како селектор на репрезентацијата и сум му укажувал шанси, минатото лето беше дел од тимот на Европското првенство“.