Холандскиот
стратег од клупата на Евертон, Роналд Куман останува на курсот за ангажман на
Гилфи Сигурдсон, Исланѓанецот од редовите на Свонси кој беше едно од
најпријатните изненадувања ланската сезона во Премиерлигата.
Притоа, Куман
додаде дека Рос Баркли сигурно ќе биде дел од тимот и оваа сезона.
„Блиску сме до
договор, нашата желба околу Сигурдсон не се менува, прочитав во некои медиуми
дека преговорите со Свонси пропаднале, но ние сеуште разговараме на оваа тема“
вели Куман во однос на Исланѓанецот за кого Свонси не сака да чуе во
преговорите сума под 50 милиони фунти.
„Рос Баркли се
врати на тренинзите, тоа се добри вести за нас, тој партиципираше во последните
две тренинг сесии но загуби многу во пресезонскиот период, сакам да издвојам
дека нема никакви понуди за Рос, тоа значи дека останува во Евертон“ додаде
Куман.
На Островот на
големо се пишуваше изминатиов период дека Евертон планира да ја продаде својата
ѕвезда на Тотенхем, кој наводно за Баркли нуди околу 30 милиони евра.
Евертон беше еден
од најактивните екипи на трансфер пазарот ова лето, откако го продаде Лукаку во
Манчестер јунајтед за сума од 85 милиони евра, потроши речиси исто на пет
засилувања со кои најави големи амбиции за оваа сезона во Премиерлигата која
стартува викендов.