Куман откри што му рекол Ноа Ланг за Конте: „Во 28 дена ниту еднаш не допрев топка“

by 24 фудбал
1 минути читање

Ситуацијата во Наполи повторно е во фокусот на италијанските медиуми. Тензиите меѓу Антонио Конте и дел од фудбалерите не стивнуваат, а во јавноста сè повеќе излегуваат детали кои покажуваат дека атмосферата во клубот е далеку од мирна.

Најновата потврда дојде преку селекторот на Холандија, Роналд Куман, кој на прес-конференција сподели што му раскажал Ноа Ланг, новото засилување на Наполи.

Разговарав со Ноа во септември и го прашав како му оди во Италија. Ми рече дека биле 28 дена во тренинг камп, а сè уште не виделе ни една топка,“ откри Куман пред новинарите.

Овој коментар уште еднаш ја покажува колку Конте ги форсира своите строги методи на работа. Италијанските медиуми објавија дека тренерот не им кажува однапред ни кога ќе тренираат, а играчите често поминуваат денови во физички подготовки без допир со топката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×