Куман не крие дека сака на клупата на Барса, но Каталонците ќе треба да платат

by
2 минути читање

Селекторот на
Холандија, Роналд Куман има посебна клаузула во својот договор која му
овозможува да го преземе кормилото на Барселона, доколку има интерес од
Каталонците, самиот тренер не ја крие таа желба, меѓутоа Каталонците ќе мораат
да платат обештетување доколку го посакуваат во својот тим.

Поранешниот
фудбалер на Каталонците и претходно беше поврзуван со клупата на тимот од „Камп
Ноу“, а најмногу во периодот кога практично позицијата на Ернесто Валверде беше
разнишана, а веројатно е дека Куман ќе биде сериозна опција за таа функција
идното лето.

Спортскиот
директор на холандската Фудбалска федерација, Нико-Јан Хугма, во интервју за „Фокс
Спортс“ откри дека Куман има клаузула во својот договор која му овозможува
заинтересираните клубови за неговите услуги да го ангажираат по крајот на
Европското првенство идната година, меѓутоа тоа нема да ги чини бесплатно
истите.

Постигнавме
договор во случај тој да си замине, меѓутоа екипите кои би биле заинтересирани
за него ќе треба да платат обештетување
“ објасни Хугма, без притоа да прецизира
колку изнесува откупната клаузула за да се прекине договорос со селекторот.

Како и да е,
Хугма посочи дека тој се надева дека Куман ќе го одработи целосно својот
договор со Холандија, а тој би можел да ги предводи „Лалињата“ и на Светското
првенство во 2022. година кое треба да се одржи во Катар, доколку не дојде до
прекинување на соработката.

Успехот на
нашиот национален состав може да му помогне нему, меѓутоа јас се надевам дека
ние би можеле да го завршиме овој процес и да работиме заедно се
до Светското првенство во Катар, се
надевам дека ние би можеле да работиме заедно еден подолг период, најмногу
поради фактот што се
оди
според планот
“ додава тој и откри дека Куман не крие за своите желби во иднина.

Роналд секогаш
индицирал на тоа дека еден ден сака да биде тренер на Барселона, ќе видиме што
ќе се случи
“ заклучи Хугма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×