Куман му одговори на незадоволниот Лукаку

by
1 минути читање

Лукаку одбива да потпише нов договор со Евертон, а во интервју објасни дека не е задоволен од трансфер активностите на клубот кој го оцени како недоволно амбициозен.

Денеска Роналд Куман изрази незадоволство од интервјуто на Лукаку.

„Не сум среќен со тоа интервју. Доколку Евертон не беше клуб со амбиции и јас немаше да бидам тренер тука“ – вели Куман.

„Зборував со Ром утринава. Ќе зборувам и со бордот па ќе видиме што ќе се случи. Имаме време да го направиме тоа што треба да го направиме“.

„Мислам дека секој фудбалер има амбиции да игра за титули. Сакаме да покажеме дека можеби Евертон е следниот клуб надвор од големата шесторка кој ќе направи успех.“.

„Треба да го почитувате вашиот договор. Неговото однесување со исклучок на ова интервју е одлично па нема потреба од изоставување од тимот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани