Куман го нападна Клоп: Премногу се жалиш, фудбалот е цврста игра, спорт за мажи

by
1 минути читање

Во првиот
натпревар од новото коло во Премиерлигата, Ливерпул на Енфилд го пречека
локалниот ривал Евертон.

Атмосферата беше жешка, фановите видоа убав фудбал и победа на „Црвените“ од
3-1, а имаше и неколку опасни стартови.

Рос Баркли лесно
можеше да добие црвен картон во првиот дел за старт над Дејан Ловрен.

Зборувајќи по
крајот на натпреварот, Роналд Куман го нападна својот колега Јирген Клоп и
обвини дека Германецот премногу се жалел кај судиите и правел шоу покрај аут
линијата.

„Стартовите се
составен дел од фудбалот, јас видов неколку од страна на Лукас
– вели менаџерот на Евертон.

„Ова е фудбал, не
сакавме да правиме шоу како клупата на Ливерпул. Ова е цврста и фер игра
.

„Не ми се допаѓа кога
тренерите од клупата цело време му приговараат и дофрлаат на судијата и
помошникот, прават големо шоу за стартовите. Тие се однесуваа лудо. Ова е машки спорт
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани