Куман доби отказ по само два месеци откако потроши рекордни 140 милиони фунти на засилувања

by
1 минути читање

Роналд Куман
минатата сезона го предводеше Евертон до 7. место на табелата, а потоа
следуваше амбициозно лето и потрошени рекордни 140 милиони фунти на засилувања.

На Гудисон Парк
пристигна капитенот на Ајакс, Дави Класен за 24 милиони фунти, перспективниот голман
Џордан Пикфорд за 30 милиони фунти, а истата сума беше платена и за
дефанзивецот Мајкл Кин.

Младиот
репрезентативец на Шпанија, Сандро Рамирз пристигна од Малага а и Вејн Руни се
врати во тимот, за на крајот од летото, „Карамелите“ да искешираат за нив
рекордни 45 милиони евра за ангажман на Гилфи Сигурдсон.

Па очекувањата
беа големи и многумина очекуваа Евертон да им ги поремети плановите на големите
клубови.

Но резултатите на
почетокот од сезоната се очајни, во моментов тимот од Мерсисајд се наоѓа во
зоната на испаѓање со 8 освоени бодови, а е на прагот и на елиминација во Лига
Европа, каде има само 1 бод по првите три кола.

Тешкиот пораз од
Арсенал ја прели чашата, па Евертон попладнево соопшти дека Роналд Куман е
разрешен од должноста.

„Евертон може да
потврди дека Роналд Куман го напушти клубот
– гласеше соопштението кое беше постирано на социјалните
мррежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани