Шведска загуби
многу во финалната одлука на 21 годишниот Анел Ахмедовиќ да игра за
националната селекција на Босна и Херцеговина, а темата околу бекот на Малме ја
разбрани јавноста, па беше побарано и мислењето на Дејан Кулушевски.
Како што е веќе
познато, 20 годишниот
фудбалер кој во новата сезона ќе настапува за Јувентус, претходно беше дел од
младинските категории на нашите селекции, меѓутоа штом го доби повикот од
Шведска во сениорска конкуренција, истиот без двоумење го прифати, а според
него, одлуката била мошне лесна.
Прво на одмор во Охрид, па на подготовки со Јувентус, Кулушевски ужива во Македонија (ФОТО)
„Одлуката за мене
беше мошне лесна, јас сакав да играм за Шведска, тоа беше мојата желба“ вели
Кулушевски.
„Во однос на
Ахмедовиќ, навистина не знам зошто ја избра Босна и Херцеговина, сепак, мораме
да ја почитуваме неговата одлука, ако тој смета дека тоа е исправно за неговата
иднина, нека е така, јас лично имам разбирање, понекогаш е тешко да се заборави
на своето потекло“ додаде Кулушевски кој летниот одмор го помина токму во Македонија, или поточно Охрид.