Иако од претходно беше јасно дека Кулушевски ќе игра за Шведска, а не за Македонија, со неговиот синоќешен настап и теоретски ги губиме сите шанси тој да заигра за нашата репрезентација.
Фудбалерот на Парма ги одигра последните 25 минути на мечот меѓу Швеедска и Фарските Острови кој заврши со победа на неговата селекција од 3-0.
Кулушевски имаше настапи за младинските репрезентации на Македонија, но ги одбиваше повиците на селекторот Игор Ангеловски за сениорскиот тим, негова желба беше да заигра за Шведска и тоа му се оствари.
„Ова е голем момент за мене. Ми се оствари сонот. Пресреќен сум за дебито и горд сум на себе и моето смејство. Беше возбудливо и потешко од вообичаеното, нозете ми беа тешки, но откако влегов на теренот се беше полесно. Одиграв 25 минути, го дадов најдоброто од себе и дадовме два гола во тој период“, изјави Кулушевски по мечот.