Кулушевски ќе треба да се правда во соблекувалната на Јувентус: Меси е подбар од Роналдо, Тоти од Дел Пјеро (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дејан Кулушевски
е топ тема во Италија и Европа откако синоќа потпиша за „старата дама“ во
трансфер вреден 35 милиони евра, плус додатни 9 милиони евра.

По одличните партии
во дресот на Парма, напаѓачот кој има македонско потекло, го привлече
вниманието на голем број клубови. Името на Јувентус можеби ретко се
споменуваше, но шампионот на Италија ја претекна конкуренцијата со богата
понуда во последните денови од 2019 година.

Очигледно и
самиот Дејан Кулушевски не сметал дека го чека трансфер во редовите на „бјанконерите“,
во разговор со СВТ Спорт, тој ги одбра Лео Меси и Франческо
Тоти пред сегашната
прва ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо и легендата Алекс Дел Пјеро.

Не е познато кога
е дадено интервјуто (брз одговор на 10 прашања), но СВТ Спорт го има објавено
на 28. декември,  два дена пред да се
појават гласините за трансфер на Дејан Кулушевски во Торино. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×