Кулибали купил луксузно живеалиште во Париз?

by
1 минути читање

28 годишниот
Сенегалец со француски пасош, Калиду Кулибали е еден од најдобрите дефанзивци
во моментов во светот на фудбалот, за неговите услуги се интересираат повеќе
гиганти, но во Наполи секако се спокојни со оглед на фактот на актуелниот
договор со фудбалерот со важност до 2023. година.

Сепак, се чини
дека ПСЖ е доста сериозен околу дефанзивецот на Наполи, а самиот Кулибали се
верува дека нема ништо против преселба во француската престолнина, известува „Ле
Парисиен“.

Од таму велат
дека во ПСЖ имаат јасен став во тоа дека Кулибали е идеалниот наследник на
Тијаго Силва во одбраната, а веќе се водат и преговори помеѓу обата клуба, кои
наводно се близу до постигнување на договор.

Кулибали има
откупна клаузула во висина од 150 милиони евра, а самиот тој наводно веќе купил
луксузно живеалиште во Париз во вредност од 4 милиони евра, а со оваа
шпекулација дополнително се сугестира на тоа дека Кулибали на лето ќе биде член
на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×