Куповната моќ на Премиер лигата се докажа и ова лето, а англиските клубови потрошија преку 6 милијарди евра на трансфери.
Речиси да нема играч од другите најдобри европски лиги кој не може да биде купен и платен од страна на премиерлигашите. Тоа им пречи на многумина, а еден од нив е и Марк Кукуреља кој и самиот игра во Англија. Шпанецот даде коментар за ситуацијата и посака некакви промени во иднина.
„Сандерленд кој само што влезе во Премиер лигата вложува 200 милиони евра. Двајца од најдобрите играчи во Ла Лига пристигнаа во Кристал Палас, а тоа се Јереми и Уче. Ова е нешто што мора да се реши, бидејќи Ла Лига останува во позадина. Целосен респект за Премиер лигата, ама ова само ги тера играчите да одат да играат во Англија“, изјави Кукуреља.