Пау Кубарси е едно од новите откритија на Барселона, тој игра фантастично и си заработи место во првиот тим иако има само 17 години.
Младото момче уште оди на училиште, тој е втора година средно, па иако веќе заработува огромни пари, мора да најде време и за учење.
„Во моментов сум втора година во средно училиште. Наутро тренирам со тимот, а потоа одам на училиште од три попладне до осум навечер“, го опишува својот ден Кубарси.
„Ако играме натпревар во Лигата на шампионите и морам да патува, не сум во можност да одам на училиште. Следниот ден земам забелешки од соучениците за да видам што сум пропуштил“.
Слична е ситуацијата и со останатите млади момчиња на Барселона кои влегоа во првиот тим. Еден од нив е и Ламин Јамал за кој Кубарси смета дека сигурно ќе ја освои Златната топка.
„Ламин Јамал нема граници. Тешко е да биде запрен, никогаш не знаете на која страна ќе тргне. Тоа што го гледаат сите сега, јас го знам од многу порано. Ламин Јамал сигурно ќе ја освои Златната топка“, велу Кубарси.