Крвава пресметка на ултрас лидерите на Интер, едниот пукал со пиштол, другиот му забил нож во врат

by bojan
8 минути читање
Интер

Медиумите од Италија пишуваат за крвава пресметка на ултрас лидерите на Интер, првиот човек на Курва Норд, Андреа Берета со нож го избодел во вратот Антонио Белоко.

Еден убиен и еден повреден е резултатот на крвавата пресметка на ултрас лидерите на Интер.

Како што пренесуваат медиумите, Антонио Белоко, криминалец кој има поврзаност со мафијата „ндрангета“ бил избоден до смрт откако пукал кон Андреа Берета, кој со години важи за прв човек на Курва Норд.

Реконструкцијата на настаните покажува дека двајцата биле во возило „Смарт“, Белоко пукал и го ранил Берета во нога, кој како одговор изввадил нож и го избодел во вратот.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на истанот и го уапсила Андреа Берета.

Само неколку часа претходно, двајцата играле фудбал со пријатели и навивачи од таборот на градскиот ривал Милан, слика од пријателскиот натпревар објави Марко Фердико, уште еден лидер на Курва Норд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани