Круниќ: Плачев кога потпишував за Милан

by
1 минути читање

26-годишниот фудбалер минатото лето од Емполи потпиша за Милан за кој одигра девет меча во Серија А.

Круниќ е надвор од стројот од февруари поради повреда, но таа е зад него и тој ќе биде подготвен за игра кога сезоната ќе продолжи.

„Плачев кога потпишав договор со Милан, кога се осигурав дека ќе бидам дел од росонерите. Фановите се исклучително и секогаш е многу емоционално да се игра на Сан Сиро. Тие го ценат тоа што јас го давам најдоброто од себе“, вели Круниќ.

„Ние сме Милан и треба да имаме големи амбиции. Ќе направиме се за да ги оствариме“.

„Сега сум добар, повредата е минато, веќе еден месец немам болка во стапалото. Подготвен сум за продолжување на сезоната“.

„Се надевам дека на 4 мај ќе почнеме со тренинзи и наскоро ќе ја продолжиме сезоната. Не можам да дочекам повторно да играм“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×