Фудбалерите на Венеција забележаа круцијална победа во борбата за опстанок, откако дома славеше против Фиорентина со 2-1 (0-0) во 36. коло на Серија А.
Средбата на „Пјерлуиџи Пенцо“ не понуди голови во првото полувреме, а потоа во продолжението имаше дури три. Венеција успеа да поведе преку Фали Цанде во 61. минута, додека на 2-0 зголеми Гаетано Ористанио седум подоцна.
Следуваше враќање на Фиорентина во игра преку Роландо Мандрагора, кој во 77. минута намали на 2-1. Сепак, до крајот на средбата тие немаа сили за кам-бек.
Венеција со овие три бода стигна на 29 и скокна над опасната зона со по бод повеќе од Лече и Емполи. Од друга страна Фиорентина има 59 бода на деветтото место и трката за Европа за „виолетовите“ ќе биде многу тешка.