Фудбалерите на Аталанта ја победија Борусија Дортмунд со 4-1 и се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Италијанскиот тим до победата стигна со гол од пенал во 98. минута, а за тоа вистинска жртва понесе Никола Крстовиќ. Црногорскиот фудбалер тргна со глава да даде гол, иако Рами Бенсебаини не гледаше и „пушти“ копачка.
Епилогот беше удар во челото и крв на лицето на Крстовиќ, а шпанскиот судија по преглед на ВАР снимката досуди пенал. Сигурен реализатор беше Лазар Самарџиќ.
По натпреварот Крстовиќ покажа колкава била цената за изборениот пенал, а на фотографијата се гледа дека на своето чело на неколку места има рани од крампоните на копачката на Бенсебаини.
Dass es halt ernst Dortmunder gibt die sagen dass das kein Elfer ist ist btw geisteskrank, nichtmal mit Fanbrille kann man da iwas drehen pic.twitter.com/aUhE4KSUT1
— 𝐓𝐨𝐥𝐠𝐚𝟎𝟖𝟗 (@ToIgaFCB) February 25, 2026
