Тони Крос го коментираше трансферот на Александер Исак во Ливерпул, вели дека доволно говори податокот дека половина од нивните слушатели (има поткаст со неговиот брат) никогаш не слушнале за напаѓачот.
Александер Исак е трансфер бомбата ова лето, Швеѓанецот се пресели во Ливерпул во последниот ден од летниот преоден рок за 130 милиони фунти, нов рекорд за Премиерлигата.
Свое мислење за оваа зделка даде и Тони Крос, кој заедно со својот брат Феликс, имаат поткаст „Ајнфах мал Лупен“.
Германецот со краток коментар кажа дека не го оправдува ваквиот трансфер.
„Им верувам на нашите слушатели и мислам дека половина од нив никогаш не слушнале за него. Па вие сами проценете сега. Искрено“ – вели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.
Неговиот брат Феликс пак додаде дека некој можеби го знае Александер Исак од времето во Борусија Дортмунд
„Да, но не прикажа ништо посебно тогаш“ – продолжи Тони Крос. „Во секој случај, платени се многу пари“.