Германската легенда Тони Крос се повлече од фудбалот на 34-годишна возраст, а бидејќи долги години беше носител на играта на Реал Мадрид навивачите беа загрижени.
Тој на гостување во еден подкаст зборуваше за неговото повлекување, а ги смири навивачите за иднината. Во блиска иднина се очекува повлекување и од Лука Модриќ, па според Крос тоа не треба да е причина за грижа.
„Имам порака до навивачите на Реал Мадрид. Моето заминување не влијаеше на клубот, а нема да влијае ниту повлекувањето на Лука Модриќ. Кога Кристијано замина имаше многу негативни приказни. Одговор на тоа беше беше ветувањето дека ќе бидеме шампиони – и го исполнивме. Слично беше и со Бензема, Марсело, заминаа, а Реал продолжи да победува. Ова е клуб кој не е изграден на имиња, па така и отсуствата не се толку важни. Ова е клуб кој инспирација црпи во историјата, држи континуитет борејќи се“, изјави Крос.
Реал вчера го освои трофејот на ФИФА Интерконтиненталниот куп, со победа од 3-0 против Пачука во финалето.