Крос со лекција до Јамал: Кариерата е маратон…

by 24 фудбал
1 минути читање

Ламин Јамал штотуку стана полнолетен, но веќе е предводник на Барселона и еден од најголемите адути на шпанскиот фудбал. На теренот игра како да има десетгодишна кариера зад себе, но надвор од него не блеска и веќе имаше неколку контроверзни ситуации.

Свој коментар даде и Тони Крос. Германецот, кој има речиси совршена кариера и важи за еден од најдисциплинираните фудбалери, му порача на младиот талент да внимава и да не се изгуби во сета слава.

Секогаш велам дека кариерата е маратон. Ќе видиме што ќе се случи во следните пет, десет сезони, како ќе реагираат на сè што доаѓа во фудбалот надвор од теренот. Успехот не зависи само од теренот, туку и надвор од него. Мора да знаете како да управувате со многу аспекти од животот“, изјави Крос.

Целата ситуација наводно го привлекла и вниманието на полицијата, па не е исклучена ни истрага. Јамал доби остри критики, а некои се загрижени дека раскалашениот стил на живот би можел да го одведе во погрешна насока.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×