Крос сака да си оди од Реал Мадрид, Зидан има две желби за негова замена

by
1 минути читање

„АС“ пишува дека Тони Крос е подготвен да си замине од Реал Мадрид, на Германецот му е потребен нов предизвик.

Неговото заминување ќе ослободи место за нов фудбалер во средниот а Зинедин Зидан има две желби. Првата му е Пол Погба, а втората Кристијан Ериксен.

Тони Крос од 2014 година е во Реал Мадрид и ова му е најлошата сезона, Германецот е далеку од посакуваната форма. Пример на мечот со Ајакс во кој беше елиминиран кралскиот клуб, Крос загуби 24 топки и имаше 11 неуспешни додавања.

Неговото заминување би било од корист и за двете страни, Крос ќе има нов предизвик и ќе ја освежи својата кариера, а Реал Мадрид ќе има слободна позиција и средства за плата за нова голема ѕвезда која треба да дојде како негова замена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×