Крос признава дека Винисиус им оди по нерви и на соиграчите: Цел тим страда поради неговото однесување

by bojan
1 минути читање
Мбапе, Винисиус, Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос открива дека често го прекорувал Винисиус Жуниор поради театралните гестови, провокациите и судири со противничките играчи и навивачи.

Винисиус Жуниор често добива критики за своето однесување на теренот, а дека Бразилецот претерува, потврди и Тони Крос.

Германецот верува дека целиот тим страда поради театралните гестови, провокациите и судирите на напаѓачот со противничките играчи и навивачи.

„Знаев да му кажам дека што е многу, многу е“ – вели Германецот. „Имав чувство дека поради неговото однесување страда целиот тим. Одеднаш сите се вртеа против нас поради него. Често се обидував да го смирам долу на теренот, за да не изгуби фокус, бидејќи знаеше и тоа да се случи“.

„Често му велев, „Толку многу си добар, не ти требаат вакви работи““.

Запрашан за потегот на Бразилецот на „Ел Класико“ и реакцијата кога беше повлечен од игра, Тони Крос рече: „Кога ќе одиграте одличен натпревар, особено на „Ел класико“ нема шанси да бидете среќни кога гледате дека ве вадат од игра. И јас никогаш не сум сакал предвреме да се преселам а клупа“.

„Но да бидам искрен, никогаш не сум се упатил право во соблекувална“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×