„Ѓаволите“
бележеа одлични резултати по пристигнувањето на Норвежанецот, но во последните
неколку недели влегоа во резултатска криза и имаат дури седум порази на девет
меча и се во опасност да не обезбедат топ четири пласман и да останат без
настап во Лигата на шампионите.
Па синоќа имало
кризен состанок и Ед Вудворд се сретнал со Оле Гунар Сослкјер и неговиот асистент
Мајк Фелан. Тема на разговор биле проблемите во соблекувалната и алармантниот
пад на формата.
Извршниот потпретседател
исто така му замерил на тренерот поради тоа што на часови пред градското дерби низ медиумите протекол старниот
сотав на Манчестер јунајтед за дуелот со Манчестер Сити.
Наводно ова било
шок за многумина во клубот со оглед на тоа дека „ѓаволите“ се обиделе да
направат тактичко изненадување за Пеп Гвардиола со тоа што Матео Дармијан ќе
добие ретка шанса за старт и ќе биде дел од одбрамбена линија составена од пет
играчи.
За ваквиот
пропуст најверојатно придонела одлуката на Оле Гонер Солскјер утрото пред мечот
да имаат тренинг на легендарниот поранешен комплекс „Д клиф“, каде секој може
да види што се случува на теренот, за разлика од базата во Карингтон која е
добро заштитена од љубопитните очи.