304
Наполи никако да победи, денеска доживеа пораз на Сан Паоло од Болоња, столчето на Анчелоти се посилно се тресе.
Елмас беше стартер на овој натпревар, одигра 65. минути а потоа беше заменет со Мертенс.
Наполи поведе со гол на Љоренте во 41. минута од натпреварот и се чинеше дека конечно ќе ја прекинат негативната сезона, но тоа не се случи.
Во 58. минута Сков Олсен изедначи на 1-1, а на десет минути пред крајот Сансоне донесе победа за Болоња.