Кризата во Јувентус продолжува да се продлабочува, откако „старата дама“ доживеа пораз од 2-0 на домашен терен против Комо во Торино.
Тимот предводен од Лучано Спалети никако да фати ритам и денеска им приреди ново разочарување на своите навивачи. Ова беше трет пораз во низа во сите натпреварувања, а воедно и трет последователен меч без победа во Серија А, што сериозно ги доведува во прашање амбициите за пласман во Лигата на шампионите.
Комо одигра дисциплинирано и зрело, знаејќи како да ги искористи своите можности. Гостите поведоа во првото полувреме со погодок на Војвода, а во вториот дел Качерет стави точка на натпреварот и ги запечати трите бода.
Ќе потсетиме, Комо сезонава го победи Јувентус и на првиот натпревар на свој терен со истиот резултат.