Струга Трим Љум во рамките на 20 коло на ПМФЛ ќе го дочека скопски Вардар.
Во пресрет на натпреварот со најтрофејниот македонски клуб, своите очекувања ги изнесе Бесарт Кривањева. Искусниот дефанзивец нагласи дека нема да биде лесно, а посочи и дека целта се трите бода.
„Едвај го чекаме мечот со Вардар, против нив секогаш играме интересни средби и очекувам повторно да биде така. Ќе дадеме се од себе за да победиме. Знаеме дека Вардар добро се засили оваа зима, па мора да бидеме внимателни. Ривалот нема да биде истиот од есента, ама ние веруваме во своите квалитети и сакаме три бода“, изјави Кривањева.
Единствениот саботен натпревар во прволигашката конкуренција се игра во терминот од 14:00 на „Градскиот стадион“ во Струга.