Критиките силно го погодија, Араухо спас ќе бара во верата и посета на Израел

by bojan
1 минути читање

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо се мачи со психолошки проблеми, па спасот решил да го бара во Ерусалим и посета на најсветите христијански места

Роналд Араухо се најде на удар на јавноста по лошата партија против Челси и поразот од 3-0 на „Стемфорд Бриџ“ во Лигата на шампиони, критиките ја прелија чашата и го извадија од ритам дефанзивецот, кој поради проблеми со менталното здравје побара да не игра.

Последните информации велат дека Уругваецот решил спас да бара во верата и попладнево пристигнал во Израел.

Роналд Араухо со посета на Ерусалим и најсветите христијански места сака да се дисконектира од „хејтерите“ и секојдневниот притисок, и духовно да ги наполни батериите.

Се говори дека Барселона дава целосна поддршка, никој не го брза дефанзивецот и најважно е тој да се врати посилен од претходно и повторно да може да биде еден од клучните играчи.

Останува да се види дали Роналд Араухо ќе му се стави повторно на располагање на Ханси Флик, утрово се појавија гласини кои велеа дека дефанзивецот можеби веќе го одиграл последниот натпревар за Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×