Критики за Винисиус: Никој во Реал не е над клубот!

by riste
1 минути читање

Како што сега изгледаат работите, Винисиус Жуниор се чини дека ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид, па потоа ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Една од целите на Чаби Алонсо по доаѓањето во Реал Мадрид беше да го скроти големото его во клубот кое беше проблем за остварување на добри резултати.

За шпанскиот стратег нема недопирливи фудбалери, па Винисиус често е на клупата за резерви, нешто што не му се допаѓа на Бразилецот.

Винисиус беше стартер против Еспањол, но бурно реагираше кога требаше да биде заменет во 77. минута. Тоа е нешто што не му се допаѓа на Алонсо.

Критики за Винисиус дојдоа и од поранешниот играч, тренер и функционер на Реал Мадрид, Хорхе Валдано.

„Винисиус не е каков што беше, а ни тренерот повеќе не е ист. Ќе мора прво да ја поправи својата игра и да го убеди тренерот дека е на ниво, а во секој случај, вакви изливи на незадоволство се недозволиви. Винисиус е човек кој имаше огромна поддршка од Реал, тој се бореше против целиот свет, а клубот, меѓу него и целиот свет го избра него. Сега е проблемот што Винисиус повеќе не е лут на светот, туку на својот тренер, а во Реал никој не е над клубот. Затоа треба да биде внимателен, вакви гестови се непочитување кон соиграчот кој влегува на терен“, вели Валдано.

Реал оваа сезона одигра шест натпревари, а Винисиус на ниеден од нив не помина во игра максимални 90 минути. На два меча влезе како резерва и само против Овиедо беше на посакуваното ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×