Кристијано Роналдо сака да си оди од Реал Мадрид и Шпанија?

by
1 минути читање

Се пишува дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид и шпанскиот фудбал. Ваквата негова желба потекнува од обвиненијата дека затајувал данок.

Роналдо е обвинет дека затаил данок од околу 15 милиони евра помеѓу 2011 и 2014 година. Тој веднаш ги негираше таквите обвиненија.

Брзо по демантот, португалскиот весник „А Бола“ излезе со сторија дека имаат инсајдерска информација дека Кристијано Роналдо сака да го напушти шпанскиот фудбал.

Португалецот бил навреден од обвинувањата за нечесност и измама, и не сака веќе да игра фудбал во земјата.

Таквата одлука Роналдо му ја соопштил и на претседателот Флорентино Перез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани