Кристијано Роналдо повторно го понижи француското првенство

by bojan
1 минути читање
Роналдо, Ал Наср

Кристијано Роналдо останува на ставот дека првенството на Саудиска Арабија е подобро од она во Франција, смета дека освен ПСЖ, сите други клубови се со низок квалитет.

Минатата година, Португалецот храбро порача дека првенството на Суадиска Арабија може да се носи со топ 5 првенствата од Европа и го смести како подобро од Лига 1.

Вечерва беше запрашан дали и понатаму го дели ваквиот став, а Кристијано Роналдо уште еднаш го понижи француското првенство.

„Лесен одговор, секако дека е подобро и не го велам ова само поради тоа што играм таму. Не ми е гајле што зборуваат другите, можам само да им порачам на луѓето да дојдат и да се пробаат тука, па после нека кажуваат работи. Тука се прават страшни спринтови на 38, 39 или 40 степени, тече пот цело време…“ – вели ЦР7.

„Исто така, во Франција има само еден врвен клуб – ПСЖ. Сите останати се со многу низок квалитет и не можат да му парираат“.

„Искрено не знам зошто луѓето се изненадени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани