„Кристијано Роналдо ме силуваше“ – девојката од САД за прв пат проговори за инцидентот од 2009

by
1 минути читање

За веста дека
Португалецот силувал девојка додека бил на одмор во Лас Вегас во 2009 на големо се
пишуваше пред година ипол кога медиумите дојдоа до документите кои ги објави
„Фудбал Ликс“.

Девојка од САД пред повеќе од девет години го
обвинила Кристијано Роналдо дека ја силувал, но случајот никогаш не стигнал до
суд бидејќи фудбалерот и платил 375.000 долари за таа да молчи и никогаш да не
открива детали од таа ноќ.

Сепак, целиот
случај сега добива нова димензија откако нејзините адвокати до судот од Невада
поднеле барање овој договор да биде поништен.

Во исто време, 34
годишната Катрин Мајорга за „Шпигел“ отркива што точно се случило. Исповедот на
Американката е прилично сочен и детален, таа објаснува како Кристијано Роналдо
најпрво ја нападнал во тоалетот а потоа и во спалната соба каде ја силувал
анално.

Доколку судот од
Невада го поништи договорот за тајност, Кристијано Роналдо би можел да биде во
сериозни проблеми бидејќи се говори дека во мејл од играчот до неговиот адвокат,
ЦР7 вели дека девојката не врескала и не повикала помош, но во неколку наврати
кажала НЕ и барала да престане.

Кристијано
Роналдо секогаш тврдел дека сексот со Катрин Мајорга бил согласен, но
адвокатите на Американката се убедени дека токму претходната преписка на
играчот без сомнеж покажуваат дека тој ја силувал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×