Во Ал Наср се отвори нова тема која ја тресе Саудиска Арабија, а повторно во фокусот е Кристијано Роналдо. Португалецот овојпат не е во центарот поради голови или рекорди, туку поради сериозно незадоволство од насоката во која се движи клубот.
Португалските медиуми откриваат дека Роналдо одлучил свесно да се повлече од конкуренција за претстојниот првенствен дуел со Ал Ријад. Од таборот на фудбалерот јасно порачуваат дека нема здравствени или лични причини, туку дека станува збор за јасна порака испратена кон раководството.
Најголем проблем за Роналдо е чувството дека Ал Наср не ужива иста поддршка како другите клубови под капата на ПИФ. Според тие информации, Португалецот смета дека Ал Хилал има привилегирана позиција, како во спортскиот така и во организацискиот сегмент, што директно се одразува врз трката за титулата.
Како една од причините се наведува и Карим Бензема кој ќе смени клуб во Саудиска Арабија и се очекува да потпише токму со Ал Хилал.