Кристијано Роналдо влезе во последните шест месеци од договорот со Ал Наср. Иако тој самиот посакува да остане во клубот, засега нема официјални чекори за продолжување на соработката.
Тоа остава простор за разни шпекулации, а се верува дека заинтересирани за Роналдо се од лутиот ривал Ал Хилал. Делува дека Роналдо сака да остане во Саудиска Арабија, па ако не добие добра понуда од Ал Наср може да направи и „предавство“.
Сепак, медиумите најавија и една шокантна вест, односно крајно изненадувачка понуда.
Имено клубот Дачиа Бујучани од Молдавија испратил официјална понуда до легендарниот Португалец. Тие не нудат многу пари, туку разни други компензации. Роналдо добил понуда да биде дел од клупската администрација како меѓународен амбасадор. Исто така понудено му е да биде шеф на академијата, па дури ако сака и тренер на младите.