Кристијано Роналдо даде два гола, па порача: Припаѓам на Саудиска Арабија! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо продолжува да ја брка магичната бројка од 1.000 голови во кариерата и по новата блескава партија е сè поблиску до апсолутниот светски рекорд. Португалецот постигна два погодоци во убедливата победа на Ал Наср од 4-0 против Ал Хазем во 22. коло од Саудиска Про лига. Роналдо ја затресе мрежата во 13. и 79. минута, што беа негови 19. и 20. гол сезонава.

Со овие два гола тој стигна на само 36 погодоци од историските 1.000, достигнување кое досега изгледаше недостижно. Фасцинантен е податокот дека Роналдо има постигнато повеќе голови по 30. година отколку пред неа. Од моментот кога наполни 30 години, тој реализирал дури 501 погодок.

По натпреварот испрати јасна порака дека неговата иднина останува во Саудиска Арабија.

Припаѓам на Саудиска Арабија. Сакам да продолжам тука. Ова е земја која ме пречека мене, моето семејство и моите пријатели. Среќен сум овде и сакам да останам“, изјави Роналдо.

Со оваа изјава стави крај на шпекулациите за можно заминување по истекот на договорот и јасно покажа дека неговата мисија кон историската бројка од 1.000 голови ќе продолжи токму во дресот на Ал Наср.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×