Лидс во недела на
домашен терен на „Еланд Роуд“ го пречекува Мидлзбро во 17. Рунда натпревари од
англиската Чемпионшиплига.
Тимот на шпанскиот
стратег со данско потекло Томас Кристиансен има три порази во низа, а веќе е
вклучен алармот во клубот откако истиот влезе во загрижувачка резултатска
криза.
Дел од медиумите на
Островот веќе направија свои очекувања во однос на тоа како би изгледал
почетниот состав на Лидс за неделната пресметка, се чини дека Алиоски повторно
ќе почне од првата минута, но нешто поназад.
Иако во претходниот меч
против Брентфорд каде Лидс загуби со 3-1 а токму нашиот фудбалер го постигна
единствениот гол за гостинската екипа, играше како полушпиц по десната страна,
овој пат се најавува дека ќе игра на десната крилна страна, како класично крило.
Ласога би требало да
остане осамен во шпицот на нападот, а интересно, со Алиоски во средината се
најавува и Шпанецот Саиз, кој заедно со Македонецот беа двете големи засилувања
за тимот изминатиот летен преоден рок.
На претходниот меч
против Брентфорд Саиз и Алиоски играа странично од Ласога, едниот на левата
страна, другиот на десната, а овој пат Кристиансен би можел повторно да ротира.
Лидс со 23 бода се наоѓа
речиси на средината од табелата во Чемпионшиплигата, веќе многу заостанува зад
двете позиции кои водат директно во Премиерлигата, но остануваат во игра оние
кои носат плејоф за прогрес.
Алиоски на 14 настапи
има два постигнати гола досега.
Извор: hitc.com