Кристал Палас со лук против паразитите на теренот на Селхурст Парк

by
1 минути читање

Селхурст Парк има проблем со микроскопски паразити кои ги ослабнуваат корените на тревникот.

Клубот го прска теренот со течност направена од лук, средството се покажало ефикасно во справувањето со паразитите.

„Помислете на вашиот лук дома и 100 пати по толку. Можеби изгледа смешно, но е ефикасно“ – вели Брус Елиот, човекот задолжен за одржување на теренот на стадионот.

„Имаме проблеми со нематоди, кои се микроскопски паразитски црви кои живеат во коренот на тревата. Тие ја ослабнуваат тревата, ја прават подложна на болести и абење“.

Следниот натпревар на Кристал Палас на Селхурст Парк е на 5. август, кога во пријателски меч играат против Шалке.

Во првото коло од Премиерлигата на 12. август го пречекуваат Хадерсфилд. Кристал Палас од оваа сезона имаат нов тренер, Франк де Бур.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×