126
Кристал Палас го
има најлошиот старт во историјата на Премиерлигата, во првите седум кола нанижа
исто толку порази и не постигна ниту еден гол.
Црната серија
сепак беше прекината денес и тоа на најдобар можен начин, против шампионот
Челси.
Резултатот беше
отворен со автоголот на Азпиликета во 11. минута. Бакајоко потоа изедначи на
1-1 во 18. минута, а Заха пред истекот на првиот дел ги донесе домаќините во
предност од 2-1.
Кристал Палас
успеа да го сочува водството во вториот дел па на крајот конечно се радуваше на
првата победа дури во 8. коло.
Тотенхем со 1-0
славеше над Борнмут, Манчестер Сити со 7-2 го декласираше Стоук, Свонси со 2-0
триумфираше над Хадерсфилд а Барнли и Вест Хем одиграа 1-1.