Кристал Палас го победи Челси на Стемфорд Бриџ, само бод за Јунајтед против ВБА (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Кикс на Челси на домашен терен, пораз од Кристал Палас од 2-1, но тимот на Антонио Конте има голема предност на врвот, па ваквиот резултат тешко дека ќе влијае на евентуален пад на сините.

Натпреварот почна одлично за Челси, во 5. минута по една убава асистенција на Азар, Фабрегас постигна гол за 1-0.

Во 9. минута Заха со изненадувачки удар го измами Куртоа и го изедначи резултатот на 1-1, а само две минути подоцна Бентеке постигна убав гол за комплетен пресврт и водство на Кристал Палас од 2-1.

До крајот на мечот Челси имаше доволно шанси и време да дојде до позитивен резултат, но Кристал Палас успеа да го одбрани водството.

Нерешениот резултат на Манчестер јунајтед со ВБА е поголема трагедија за нив отколку поразот за Челси. Тимот на Мурињо не успеа да му даде гол на ВБА.

Речиси во текот на целиот меч се играше пред голот на ВБА, но фудбалерите на Манчестер јунајтед тешко создаваа шанси за гол.

Мхитаријан имаше една ситуација кога излезе пред голманот Фостер но и тоа не беше најчиста шанса. Одличен шут од слободен удар имаше Рашфорд, но голманот на ВБА повторно беше победник.

Тотнем со головите на Дајер и Сон дојде до победа од 2-0 на гостувањето кај Барнли.

Лестер ја продолжи победничката серија, овој пат со 2-0 го совлада Стоук и веќе е безбеден на табелата.

Хал со пресврт во второто полувреме го победи Вест Хем со 2-1, Ватфорд со 1-0 славеше над Сандерленд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани