94
Кремонезе со 3-1 славеше на гостувањето кај Болоња, а два од трите погодоци беа дело на Џејми Варди.
Како одминува времето Варди се навикнува на Серија А и делува се подобро и подобро и покрај возраста.
Кремонезе поведе со гол на Пајеро во 31. минута, а три минути подоцна Варди зголеми на 2-0.
Пред крајот на првиот дел од Орсолини од пенал намали на 1-2 и ја врати Болоња во живот.
По пет минути игра во вториот дел Варди даде уште еден гол за конечна победа на Кремонезе од 3-1.