Краток беше престојот на Бабунски во Ботошани по враќањето на европско тло

by
1 минути читање

Поранешниот
македонски репрезентативец, 26 годишниот Давид Бабунски имаше краток престој во
редовите на романскиот клуб Ботошани, за кого потпиша во март годинава, за веќе
денеска да објави дека завршил со тој клуб каде настапува и Стефан Ашковски.

Моето време во
Ботошани дојде до самиот крај, ова беше кратко, чудно, предизвикувачко и многу
интересно искуство од кое извлеков многу вредни лекции за мојата кариера и
живот, многу сум му благодарен на клубот за тоа што ми укажа можност да се
вратам во европскиот фудбал
“ напиша Бабунски на социјалните мрежи.

Македонецот
одигра вкупно 13 натпревари за Ботошани со контролките во истата бројка, што се
однесува до оние поконкретни настапи, запиша седум настапи во романската Лига 1
каде одигра 313 минути, а играше и 79 минути во поразот на домашен терен од
Шкендија во квалификациите за Лига Европа.

Договорот на
Бабунски со романскиот прволигаш истекуваше идното лето, а беше потпишан во
март, засега не се познати конкретните причини за предвремениот раскин на
договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×