Кратко траеше авантурата на Рабио во Јувентус, Французинот би можел да се пресели во Премиерлигата

by
1 минути читање

„Газета дело
Спорт“ извести дека 25 годишниот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Адриен
Рабио активно е во потрага по нов клуб за претстојниот летен преоден рок, а
интерес за неговите услуги досега пријавиле Евертон и Манчестер јунајтед.

Рабио во тимот на
Јувентус пристигна лани летото, и тоа како слободен играч на трансфер пазарот
откако му истече договорот со ПСЖ, меѓутоа не успеа да се наметне посебно во
составот на „Старата дама“, влегувајќи на натпреварите претежно од клупата за
резерви.

Французинот
заедно со Гонзало Игуаин се единствените фудбалери кои се уште не се вратиле во
Торино, периодов од кризата со коронавирусот, иако од Јувентус веќе почнаа со
индивидуални тренинг сесии.

Како што пишува „Газета
дело Спорт“, Рабио нема намера да се враќа во Јувентус, па така веќе планира
каде би ја продолжил кариерата, а неговата идна дестинација би можела да биде
Премиерлигата.

Се верува дека
мајката на Рабио, Вероник веќе е во преговори со Евертон, а овој клуб и во
јануари се обиде да дојде до неговиот потпис, а опција за него е воедно и
Манчестер јунајтед, претходно во однос на „Црвените ѓаволи“ се шпекулираше дека
Рабио би можел да биде приклучен во трансферот на Пол Погба во Јувентус, каде
во пакет-понудата би бил вметнат и тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×