932
Eкипата на Спортинг изгледаше моќно и прикажуваше одлични настапи под водство на Рубен Аморим, но по неговото заминување ситуацијата се промени.
На местото на Аморим пристигна Жоао Переира, но тој воопшто не ги оправда очекувањата и за месец и половина од неговото официјално назначување на 11 ноември доби отказ.
Спортинг вкупно го водеше на осум натпревари во кои запиша три победи, едно реми и четири порази, а со тие резултати Спортинг го загуби врвот на табелата.
Неговиот отказ се најавуваше и пред неколку дена, а сега доби официјална потврда. Според најавите нов стратег на Спортинг треба да биде Руи Боргес кој досега го предводеше тимот на Виторија Гимараеш.