„Кралевите“ киксна кај Рајо, па Реал Мадрид ТВ жестоко го критикуваше судијата (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид одигра само 0-0 на гостувањето кај Рајо Ваљекано и испушти два бода, па ТВ каналот на „кралевите“ се активираше и жестоко го критикуваше судијата Мартинез Мунуера.

Реал Мадрид со лоша атмосфера ќе оди на пауза за настап на репрезентациите, избраниците на Чаби Алонсо попладнево одиграа реми против Рајо Ваљекано, откако пред четири дена загубија на гостувањето кај Ливерпул.

„Кралевите“ беа подобар противник во првото полувреме, креираа неколку шанси, но голманот на Рајо не дозволи да биде совладан.

Во продолжението од мечот, Реал Мадрид можеби ја имаше контролата врз играта, но не успеа посериозно да се закани по голот на домаќините, па натпреварот заврши 0-0.

Кратко по последниот свиреж на судијата, ТВ каналот на Реал Мадрид излезе со жестока критика за судијата Мартинез Мунуера и му замерија за тоа што не бил досуден пенал „јасен како ден“ за еден старт врз Белингем на средината од првиот дел.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×