22
Екипата на Милан го заврши настапот во Купот на Италија уште во четвртфиналето откако вечерва тимот од Рим славеше триумф од 1-0.
За Лацио овој триумф беше еден вид на одмазда за победата на „росонерите“ кои неодамна во Серија А го добија Лацио во многу сличен натпревар со истиот резултат.
Првото полувреме од натпреварот не донесе погодоци, а одлучувачкиот момент се случи во 80-тата минута кога Закањи по еден корнер ја погоди мрежата на Милан.
Во четвртфиналето Лацио закажа дуел со Болоња која ќе го брани трофејот.